Преводи на словенските литератури, во почетокот замислено како континуирано издание, е основано во 2009 година нa Институтот за словенски јазици при Филолошкиот факултет на Универзитетот во Шлезија. Посветено е на прашања поврзани со уметничкиот превод во рамките на јужнословенските и западнословенските јазици, разгледувани низ теоретска, историскокнижевна и историскокултурна перспектива. Списанието опфаќа регистрација на издадените преводи, нивната рецепција, како и прочувања на тема: 1. спецификите на преводите во рамки на тесно поврзани јазици, 2. превод на една култура во друга преку литературата како медиум, 3. улогата на преводот во компаративните студии.
Со оглед на заземеноста за двонасочни истражувања, документарно-социолошки попис (библиографија на преводите од словенските литератури на полски јазик и полска литература на словенски јазици, како и нивна рецепција) и критично-интерпретативен попис (за теоретски генерализации), одредени томови се издавани во два дела. Секој том е составен од делови: проблемски и библиографски од областа полско-словенски преводи (полска книжевност на следниве јазици: бугарски, македонски, словачки , словенечки, српски, хрватски и чешки) и словенски на полски (од словенска литература на полски) и библиографија на објавени преводи по 1990 година (библиографијата која ги опфаќа претходните години ќе биде пополнета подоцна). Целта на оваа публикација, прва од ваков вид во славистичката средина (освен во руската), е да ги изнесе разликите, сличностите и патиштата на меѓусебениот дијалог меѓу словенските култури и да обезбеди база за славистичка компаративност.
Словенските соседи, и покрај сродноста на јазиците, често остануваат едни на други непознати и далечни. Авторите често воведуваат и трета, несловенска култура, во кругот на нивните интереси, поради функционирањето на словенските литератури во меѓукултурна комуникација, политички, социјално и уметнички условена . Списанието Преводи на словенските литератури се развива во соработка со полските преведувачки центри ( Краков, Познањ, Вроцлав, Бјелско-Бјала) и странските центри (Бугарија, Македонија, Словачка, Словененија, Србија, Хрватска и Чешка). Рецензирано е, има национално покривање, но исто така буди интерес и кај странските универзитетски центри. Секоја статија содржи заклучоци (на англиски јазик и на словенскиот јазик на чијашто литература и култура се однесува текстот), апстракт на англиски јазик, и клучни зборови на англиски и на соодветниот словенски јазик.